КАВАДАРЦИ Р.МАКЕДОНИЈА

НАТПРЕВАР ПО КАМЕРНА МУЗИКА

CHAMBER MUSIC COMPETITION

ТАКМИЧЕЊЕ КАМЕРНЕ МУЗИКЕ

ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“

1430 Кавадарци,

Тел/факс: +389(0)43 415 029

e – mail: lazomicev_rale@yahoo.com




Tuesday, October 19, 2010

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРОТ

П Р О Г Р А М А
на
Н А Т П Р Е В А Р О Т

03.11.2011 (четврток) 10.30 ч

Свечено отварање на натпреварот
Концерт на  ЛАУРЕАТОТ ОД КМК 2010
„ТРАДИЦИСКИ ОРКЕСТАР“ ОД Скопје

ПРЕДСТАВУВАЊЕ НА ЖИРИТО
Натпревар на традициските состави
Посета,  на манастирот св. НИКОЛА и  импровизиран концерт во дворот на манастирот со учесниците на натпреварот
- мал традиционален коктел-

 03.11.2011(четврток) 18.30
Концерт на  ЛАУРЕАТОТ ОД КМК 2010
„ВИВА МУЗИКА“ од Битола
ВИОЛИНА –Ѓорѓина  Поповска
ПИЈАНО – Горјана Цветковска

ПРЕДСТАВУВАЊЕ НА ЖИРИТО
 Натпревар на класичните состави

04.11.2011 (петок) 10.00-15.00

Натпревар на класичните состави
Посета на античкиот град  СТОБИ
и мал импровизиран концерт
на сцената на античкиот театар со  учесниците од натпреварот.

04.11.2010 (петок) 18.00
Свечено доделување на дипломите и прогласување на лауреатите
- мал коктел -

Thursday, October 14, 2010

ЧЛЕНОВИ НА ЖИРИ

ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР

Претседател на одборот:

ВЕСНА ПАВЛОВА - наставник по пијано


Членови:

ЈАСМИНКА ИВАНОВА - педагог

ГОРАН ЈАНЕВ - наставник по народни инструменти

ЈУЛИАНА ТУРИМАНЏОВА - претставник од Домот на културата

ЛАЗАР СОКОЛОВ - наставник по кларинет

Секретар на жирито:

АНА АРАНГЕЛОВА - наставник по пијано

Wednesday, September 29, 2010

ИНФОРМАЦИИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ИСХРАНА

Градот нуди неколку типа на сместување:


- ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

* Хотел - UNI PALAS - спонзор на натпреварот

- полн пансион 27 евра за 1 особа




- ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ

* ДВОКРЕВЕТНА СОБА - 10 ЕВРА



- МАНАСТИР

* СВ.НИКОЛА / оддалечен 4км од Кавадарци

- цена за еден кревет 1,7 евра

- цена на превоз со такси до градот 2,5 евра





Monday, August 23, 2010

ЛИЦА ЗА КОНТАКТ

ДИРЕКТОР НА НАТПРЕВАРОТ - ВЕСНА АРАНГЕЛОВА
тел:  +389 (0)43 415 029

e-mail:   lazomicev_rale@yahoo.com

СЕКРЕТАР ЗА КЛАСИЧНИ СОСТАВИ - ЈАСМИНKА ИВАНОВА
тел:  +389 (0)78 415 019

СЕКРЕТАР ЗА ЕТНО СОСТАВИ - ГОРАН ЈАНЕВ
тел:  +389 (0)71 219 769

ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УЧЕСНИЦИ ОД СТРАНСТВО - АНА АРАНГЕЛОВА
тел:  +389 (0)70 324 050

Sunday, August 22, 2010

ПРИЈАВА

LINK NA KOJ MOZE DA SE NAJDE PRIJAVATA SO -FREE DOWNLOAD-


http://uploading.com/files/a5af5m99/%25D0%25

НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИ И ПЕДАГОЗИ


                    НАГРАДИ  ЗА УЧЕНИЦИ

                    КМК-2011 доделува диплома , а Германска амбасада во Р.Македонија доделува пригодни подароци за најуспешна изведби на композиција од Германски автор.


                    КМК-2011  доделува диплома и пригоден подарок  за најмлад учесник на натпреварот.

                    КМК-2011   доделува   диплома   ЛАУРЕАТ  на натпреварот,    за кој ДОМ НА КУЛТУРА „ИВАН МАЗОВ  - КЛИМЕ“ организира   КОНЦЕРТ  на „Кавадаречка културна есен 2011“.

                    НАГРАДИ ЗА ПЕДАГОЗИ

                    КМК-2011 три педагози на три најуспешни состави ке ги ангажира во жири комисијата за КМК-2012.

Saturday, August 21, 2010

ПРОПОЗИЦИИ НА НАТПРЕВАРОТ






ПРОПОЗИЦИИ НА НАТПРЕВАРОТ
Член 1
Втор меѓународен натпревар „КМК“ ќе се одржи во организација на ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ РАЛЕ“ – КАВАДАРЦИ, во салата на ДОМОТ НА КУЛТУРАТА  „ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ“ – КАВАДАРЦИ, од 3-4 Ноември 2011.година
Член 2
 КМК се одвива според правилникот и пропозициите на натпреварот. Со правилникот се регулира елементи  од организацијата на натпреварот, а со пропозициите програми, категории и дисциплини на натпреварувачите.
Член 3
КМК ги  опфаќа следните ДИСЦИПЛИНИ:
1.        Дуо – 2 истородни инструменти или 2  разнородни инструменти или пијано четирирачно
2.        Дуо со пијано -  инструмент или глас со пијано
3.        Трио - 3 било кој инструмент(и) или глас(ови)
4.        Квартет - 4 било кој инструмент(и)  или глас(ови)
5.        Квинтет - 5 било кој инструмент(и)  или глас(ови)
6.        Секстет - 6 било кој инструмент(и)  или глас(ови)
7.        Септет - 7 било кој инструмент(и)  или глас(ови)
8.        Октет - 8 било кој инструмент(и)  или глас(ови)
9.        ТРАДИЦИСКИ СОСТАВИ  - до 8 народни инструменти или глас(ови)
Член 4
Од 1-ва до 8-ма дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:
Категорија А  - родени 2000 и помали ( програм до 6 мин.) 
Категорија Б – родени 1997 и помали (програм до 10 мин.) 
Категорија Ц– родени 1993 и помали ( програм до 15 мин.)

Во 9-та дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:
Категорија А – родени 1997 и помали (програм до 10 мин.) 
Категорија Б – родени 1993 и помали ( програм до 15мин.)

Член 5
·          Програмот е по слободен избор до определено траење
·          Програмот се изведува од ноти
·          Можно е користење на транскрипции
·          Сите состави се составени исклучиво од ученици 
·          Категорија се определува според највозрасниот ученик во составот
Член 6
Рокот за поднесување пријави е 1.10.2011.год, на адреса
·          ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ – РАЛЕ“,                           
        Браќа Mиладиновци бб, 1430 КАВАДАРЦИ,  Р.Македонија
·          e-mail: lazomicev_rale@yahoo.com
Член 7
Потребни документи за пријавување:
·          уредно пополнета пријава
·          копија од изводот на  матична книга на родените
·          потврда за платена котизација
Котизација изнесува :
   А – категорија 20 евра (1200 ден.) за една пријава               
   Б – категорија 25 евра (1500 ден.) за една пријава              
   Ц – категорија 30 евра (1800 ден.) за една пријава  

  Котизацијата се уплатува на  жиросметка на училиштето: 

      732 010 831178719   Приходна шифра: 723 119
 
 Учесниците од странство котизацијата може да ја уплатат во просториите на училиштето,  два часа пред настапот.               Во случај на откажување на настапот, котизација не се враќа.
Член 8
Натпреварувачите ги оценува жири именувано од организаторот на натпреварот, а составено од еминентни професори, со големо искуство на членување во меѓународни жири-комисии.
 

Член 9
На  натпреварувачите се доделуваат дипломи за учество, а на најуспешните и награди.                                               Максимална оценка  се 100 бодови , а за награди е потребен следниот број бодови:
·           ПРВА НАГРАДА      најмалку 90 бодови
·           ВТОРА НАГРАДА    најмалку 80 бодови
·          ТРЕТА НАГРАДА      најмалку 70 бодови
Член 10
Број на награди не е ограничен.                                        .                                                                                                    Првонаградениот состав со највисок број   бодови во секоја категорија ќе биде рангиран  како  ЛАУРЕАТ на  категоријата .Жирито доделува награда ЛАУРЕАТ на натпреварот за класични и ЛАУРЕАТ на натпреварот за традициски состави. Жирито доделува и други награди од спонзори и покровители на натпреварот.
Член 11
Учесници на КМК сами ги сносат трошоците за патот и престојот во Кавадарци.
Член 13
Организаторот нуди можност на купување на снимениот материјал.
Член 14
Организаторот го задржува правото на снимање, репродукција и емитување на снимените материјали. Натпреварувачите немаат право на надомест за  снимките од нивните изведби.

Директор на училиштето
Проф.Весна Арангелова  +389(0)70 847 451