ПРОПОЗИЦИИ НА НАТПРЕВАРОТ
Член 1
Втор меѓународен натпревар „КМК“ ќе се одржи во организација на ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ РАЛЕ“ – КАВАДАРЦИ, во салата на ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ“ – КАВАДАРЦИ, од 3-4 Ноември 2011.годинаЧлен 2
КМК се одвива според правилникот и пропозициите на натпреварот. Со правилникот се регулира елементи од организацијата на натпреварот, а со пропозициите програми, категории и дисциплини на натпреварувачите.Член 3
КМК ги опфаќа следните ДИСЦИПЛИНИ:1. Дуо – 2 истородни инструменти или 2 разнородни инструменти или пијано четирирачно
2. Дуо со пијано - инструмент или глас со пијано
3. Трио - 3 било кој инструмент(и) или глас(ови)
4. Квартет - 4 било кој инструмент(и) или глас(ови)
5. Квинтет - 5 било кој инструмент(и) или глас(ови)
6. Секстет - 6 било кој инструмент(и) или глас(ови)
7. Септет - 7 било кој инструмент(и) или глас(ови)
8. Октет - 8 било кој инструмент(и) или глас(ови)
9. ТРАДИЦИСКИ СОСТАВИ - до 8 народни инструменти или глас(ови)
Член 4
Од 1-ва до 8-ма дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:Категорија А - родени 2000 и помали ( програм до 6 мин.)
Категорија Б – родени 1997 и помали (програм до 10 мин.)
Категорија Ц– родени 1993 и помали ( програм до 15 мин.)
Во 9-та дисциплина натпреварувачите се поделени во следните КАТЕГОРИИ:
Категорија А – родени 1997 и помали (програм до 10 мин.)
Категорија Б – родени 1993 и помали ( програм до 15мин.)
Член 5
· Програмот е по слободен избор до определено траење
· Програмот се изведува од ноти
· Можно е користење на транскрипции
· Сите состави се составени исклучиво од ученици
· Категорија се определува според највозрасниот ученик во составот
Член 6
Рокот за поднесување пријави е 1.10.2011.год, на адреса· ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ – РАЛЕ“,
Браќа Mиладиновци бб, 1430 КАВАДАРЦИ, Р.Македонија
Браќа Mиладиновци бб, 1430 КАВАДАРЦИ, Р.Македонија
Член 7
Потребни документи за пријавување:· уредно пополнета пријава
· копија од изводот на матична книга на родените
· потврда за платена котизација
Котизација изнесува :А – категорија 20 евра (1200 ден.) за една пријава
Б – категорија 25 евра (1500 ден.) за една пријава
Ц – категорија 30 евра (1800 ден.) за една пријава
Котизацијата се уплатува на жиросметка на училиштето:
732 010 831178719 Приходна шифра: 723 119
Учесниците од странство котизацијата може да ја уплатат во просториите на училиштето, два часа пред настапот. Во случај на откажување на настапот, котизација не се враќа.
Член 8
Натпреварувачите ги оценува жири именувано од организаторот на натпреварот, а составено од еминентни професори, со големо искуство на членување во меѓународни жири-комисии.Член 9
На натпреварувачите се доделуваат дипломи за учество, а на најуспешните и награди. Максимална оценка се 100 бодови , а за награди е потребен следниот број бодови:· ПРВА НАГРАДА најмалку 90 бодови
· ВТОРА НАГРАДА најмалку 80 бодови
· ТРЕТА НАГРАДА најмалку 70 бодови
Член 10
Број на награди не е ограничен. . Првонаградениот состав со највисок број бодови во секоја категорија ќе биде рангиран како ЛАУРЕАТ на категоријата .Жирито доделува награда ЛАУРЕАТ на натпреварот за класични и ЛАУРЕАТ на натпреварот за традициски состави. Жирито доделува и други награди од спонзори и покровители на натпреварот.
Член 11
Учесници на КМК сами ги сносат трошоците за патот и престојот во Кавадарци.Член 13
Организаторот нуди можност на купување на снимениот материјал.Член 14
Организаторот го задржува правото на снимање, репродукција и емитување на снимените материјали. Натпреварувачите немаат право на надомест за снимките од нивните изведби.
Директор на училиштето
Проф.Весна Арангелова +389(0)70 847 451
No comments:
Post a Comment